316
Преговорите меѓу Израел и Хамас продолжија денеска и покрај зголемените израелски напади врз палестинската енклава, пренесува Ројтерс.
Преговорите, кои се водат со посредство на Катар, со цел деескалација на конфликтот во Појасот Газа, продолжија и денеска, јавува Ројтерс повикувајќи се на неименуван извор запознаен со преговорите.
Како што наведе, разговорите не се прекинати, туку се одвиваат „со многу побавно темпо“ отколку пред ескалацијата.
Во текот на ноќта израелската армија ги изврши најжестоките напади врз Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.