Најмалку 31 Палестинец загина во новите напади на израелската армија врз централниот и јужниот дел на Појасот Газа, јавува Anadolu.
Според веста на официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, израелската армија 88-ми ден продолжи да бомбардира различни региони на Појасот Газа.
Во воздушен напад врз три куќи во градот Деир ал Белах во централниот дел на Газа загинаа 22 Палестинци, главно жени и деца, а многу луѓе беа повредени.
Во израелските напади врз Кан Јунис на југот на Газа, загинаа девет Палестинци, а многумина беа ранети.
Голем број луѓе беа убиени и ранети во израелските напади врз бегалскиот камп Нусајрат.
Додека израелската армија пукаше со хаубици кон бегалскиот камп Магази во центарот на Газа, воени бродови силно го бомбардираа Дејр ал Белах.
Најмалку 21.978 Палестинци се убиени во израелските напади врз блокираниот Појас Газа од 7 октомври досега.
Во нападите беа ранети 57.697 луѓе. Околу 70 отсто од убиените се деца и жени.
Хуманитарната криза во Газа ги погодува сите сегменти на општеството, а особено загрозени се 50.000 бремени жени кои се во колективни центри без доволно основни потреби.