Продолжуваат четири седници во македонското Собрание

by Fokus

Во Собранието денеска се закажани продолженија на 103-та, 111-та, 115-та и 117–та седница.

На веб страницата на Законодавниот дом стои дека во рамки на 103-та седница меѓу точките кои треба да се разгледаат се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви, Предлог на закон за данок на солидарност, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, сите по скратена постапка.

На дневниот ред се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Северна Македонија во прво читање, како и измените на Законот за вработување на инвалидни лица и измените на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, двата по скратена постапка.

Во рамки на 111-та седница меѓу преостанатите точки за разгледување се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за пријавување и евиденција на обврски, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната во прво читање.

На оваа седница на дневен се ред и Годишниот извештај на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2022 година и Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2021 година.

Според дневниот ред, пак, на 115-та седница, поголем дел од точките треба да бидат реазгледани меѓу нив и годишните извештаи на повеќе институции како што Годишниот извештај за работата на ДКСК за 2022 година, Годишниот извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2022 година, Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2022, Годишен извештај за работа на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2022 година, Извештајот за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година и Годишен извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2022 година.

Предлог на закон за употреба на македонскиот јазик во прво читање, и на Предлог закон за дополнување на Законот за јавните патишта, Предлог на закон за изменување на Законот за здравственото осигурување и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за виното, сите три по скратена постапка, се дел од дневниот ред на 117-та седница.

 

Поврзани новости