Денеска во Кривичниот суд треба да се одржи за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, што се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности.
Во „Титаник“, што е прв случај обелоденет од СЈО, обвинети 21 лице, меѓу кои и поранешните функционери Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.
Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.
Предметот беше одложен на 12 април, откако одбраната побара Апелациониот суд да одлучува за изземање на судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани, како и на претседателот и заменикот на Кривичниот суд и на двајца судии од Апелациониот суд од слујачот.