Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе продолжи судскиот процес за настаните во Собранието од 27 април минатата година.
Вчера, на првото рочиште, воведни говори имаа обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на дел од обвинетите.
Во случајот обвинети се триесет и три лица, од кои триесет и едно од обвинетите одговараат за „тероризам“, додека две за „помагање“.
На обвинителната клупа во судот вчера денеска седнаа Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски – Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска – Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски.
Предметот го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска, која веќе закажа вкупно 37 термини за главна расправа.