Продолжува судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април

by Fokus

Во Кривичниот суд Скопје за денеска е предвидено да продолжи судењето за предметот „Организатори на 27 април”. На претходното рочиште за случајот за собраниските настани на 27 април 2017 година беа изведени материјални докази предложени од одбраната на Миле Јанакиески.

Овој случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски, и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Поврзани новости