Продoлжува судењето за „Организаторите на 27 април”

by Fokus

Судењето за „Организаторите на 27 април” денеска со ново рочиште продолжува во Кривичниот суд Скопје. На претходното рочиште за овој предмет кој е во доказна постапка сведочеше поранешниот републички јавен обвинител Марко Зверлевки, по предлог на одбраната на обвинетиот Владимир Атанасовски, поранешен директор на УБК.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Според обвинителниот акт за овој предмет тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Поврзани новости