Во Вишиот суд во Белград денеска продолжи кривичната постапка против Владимир Кечмановиќ и Миљана Кечмановиќ, таткото и мајката на момчето убиец, како и против двајца работници на стрелиштето каде момчето одело со својот татко. Судскиот совет на вчерашното рочиште одлучи судењето да биде затворено за јавноста.
На денешното рочиште пристигнуваат родителите на убиените деца, некои од нив донесоа фотографии од своите најмили.
Откако влегле во Палатата на правдата, сите ги оставиле врамените фотографии на клупата во судската сала, но набрзо судскиот чувар побарал да ги остават, што тие го направиле и ги однеле со себе на судењето.
Многу тажна е сцената пред судницата каде ќе се одржи судењето, родителите на убиените деца стојат или седат и разговараат и повремено ја потпираат главата еден на друг.
На судењето прва дојде мајката на момчето убиец.
Вршителот на должноста судија Зоран Божовиќ детално ја образложи својата одлука за исклучување на јавноста од судењето, по предлог на Вишото јавно обвинителство. Појасни дека јавноста е исклучена заради заштита на интересите на малолетниците, бидејќи на кобниот ден загинаа 9 малолетни лица, 6 беа повредени, а на 11 од нив беше загрозена личната безбедност.
Родителите на момчето-убиец кое на 3 мај минатата година изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, вчера се изјаснија за невини.
На рочиштето беше прочитано обвинението и беа дадени воведни зборови, а денеска обвинетите треба да ја изнесат одбраната.