Продолжува судењето на Сеад Кочан за „Труст“

by fokus

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Труст“ во кој обвинети се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.

Поврзани новости