Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени.
Потоа и утре ќе се задржи претежно сончево и топло време со мала локална облачност додека за време на викендот, особено во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град. Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на пораст, особено за викендот кога ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.
Повторно опаѓање на температурите на воздухот ќе има во недела, особено попладне и навечер и најпрвин во северните предели од државава. Сето тоа ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието.
Подготви: Славчо Попоски