836
Денеска времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува, особено долж Повардарието и на истокот.
Во попладневните часови во северозападните планински предели ќе има услови за сосема локален и краткотраен дожд. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 34 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, ветерот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени.
И во следните денови ќе продолжи стабилното, суво и топло време а температурите на воздухот нема многу да се менуваат во споредба со сегашните.
Подготви: Славчо Попоски