Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и посвежо со мала локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најмногу изразен Долж Повардарието. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, посвежо и ветровито со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 26 степени.
И во текот на следните денови ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Пораст на температурите на воздухот ќе имаме на почетокот од следната недела кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, посвежи утра пак ќе имаме за време на викендот со минимални температури од 7 до 16 степени.
Подготви: Славчо Попоски