634
До крајот на денов во нашата држава ќе имаме стабилно, суво и сончево време, со мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко. По одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.
Во текот на следните денови ќе продолжи периодот на стабилно и суво време, без врнежи. По одделни котлини особено наутро и претпладне ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Наутро ќе биде студено со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштаат не многу под нулата. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот претежно од 5 до 13 степени.
Подготви: Славчо Попоски