437
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи петтата седница на која како последна точка на дневен ред е изборот на заменици – министри на Владата.
Оваа точка по барање на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вчера беше поместена како последна на седницата со цел пратениците да имаат повеќе време да се подготват за дебата.
Пред да расправаат за изборот на заменици – министри, пратениците во македонското Собрание ќе ги разгледаат годишните извештаи на неколку институции, а ќе дебатираат и за граѓанс ката иницијатива за донесување на закон за изменување на Законот за работни односи со која се бара продолжување на породилното отсуство.