Продолжува собраниската расправа, до полноќ ќе се избере новата Влада

by fokus

Собраниската седница за избор на новата Влада ќе продолжи деннеска во 12 часот, а може да трае се до полноќ, кога се очекува да биде гласањето.

Денеска, кога прв говорник треба да биде пратеникот од мнозинствто, лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов.

Мандатарот Зоран Заев, вчераво своето експозе ги претстави членовите на новата Влада:

„За претседател на Владата, јас, Зоран Заев,

Артан Груби – за министер за политички систем и односи меѓу заедниците, кој ќе биде и прв вицепремиер на Владата

Љупчо Николовски – за вицепремиер за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурс

Фатмир Битиќи – за вицепремиер за економски прашања;

Никола Димитров – за вицепремиер за европски прашања;

Радмила Шекеринска – за министерка која ќе раководи со Министерството за одбрана;

Оливер Спасовски – за министер кој ќе раководи со Министерството за внатрешни работи

Бојан Маричиќ – за министер која ќе раководи со Министерството за правда;

Бујар Османи – за министер кој ќе раководи со Министерството за надворешни работи;

Фатмир Бесими – за министер кој ќе раководи со Министерството за финансии;

Крешник Бектеши – за министер кој ќе раководи со Министерството за економија;

Аријанит Хоџа – за министер кој ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;

Венко Филипче – за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство;

Мила Царовска – за министерка која ќе раководи со Министерството за образование и наука;

Јагода Шахпаска – за министерка која ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика;

Горан Милевски – за министер кој ќе раководи со Министерството за локална самоуправа;

Ирена Стефоска – за министерка кој ќе раководи со Министерството за култура,

Јетон Шаќири – за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;

Благој Бочварски – за министер кој ќе раководи со Министерството за транспорт и врски, и

Насер Нуредини – за министер кој ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, рече Заев.

Тој додаде дека станува збор за одговорни, угледни личности, докажани во своите области, мотивирани посветено да работат во остварување на целите кои ги зацртале,

-Вашите колеги од претходниот состав носеа тешки, но одговорни и исправни одлуки со кои државата ја поведоа напред на вистинскиот пат, на патот на развој, напредок и интеграција. Од идната соработката со Собранието, ја очекувам истата одговорност и посветеност за да продолжиме по вистинскиот пат. За време на вашиот мандат водете се исклучиво од интересите на граѓаните, затоа што ја имате привилегијата токму вие да бидете нивни претставници онаму каде се носат одлуки. Слушајте ги вашите гласачи, рече Заев.

Поврзани новости