272
Вработените во судската администрација го продолжуваат штрајкот.
Од УПОЗ ја поздравија одлуката на Владата за формирање работна група, за решавање на нивните барања, но порачаа дека преговорите не смеат да се одолговлечат.
Рекоа дека очекуваат работната група да почне да работи за седум дена и дека на првата средба ќе бараат дефинирање на рокови, односно работната група да си ја заврши својата работа за десет дена.
„Доколку не ги прифатат нашите барања, штрајкот ќе продолжи во поригорозен начин и нема да се работат никакви задачи во обвинителството. Ако не се договориме, очекуваме да ни се приклучат и колегите од судовите и колегите од правобранителството“ рекоа од УПОЗ.