Денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето за случајот „Рекет“, во кој обвинети се поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева и Бојан Јовановски.
И на денешното рочиште е предвидено да се прзентираат материјални докази, обезбедени од страна на обвинителството. Вчера се прикажуваа форографии од запленетата брендирана гардероба на Боки 13, одсносно од брендирани очила, чанти, шешири и каиши до капути и чизми. на денешното рочиште се очекува да се видат фотографии и од запленетите докази од домот на Јанева, односно гарнитурата и чантата „луј витон“.
Целокупната брендирана облека на Боки 13 била спакувана во 71 црна вреќа и со камион од домот на обвинетиот била однесена во Агенцијата за управување со привремено одземен имот.
Јовановски бараше целата облека, парче по парче, да се донесе во судница.