592
И денеска продолжува потрагата по третото, 28-момче од Македонија, кое исчезна на Халкидики, додека неговите двајца пријатели се пронајдени здрави и живи.
Тој во саботата исчезна заедно со неговите двајца другари во водите на Егејското Море кај Псоиди, на првиот крак Касандра на Халкидики.
Како што објавува „In.rg“ крајбрежни пловила и хеликоптер на воздухопловните сили ја скенираат областа, но не успеале да лоцираа 28-годишникот.
Првото момче беше пронајдено по два часа откако ги повлекло морето, а вториот по 18 часа. Тој успеал да се спаси држејќи се за топка, која му наишла во водата.