Продолжува потрагата по телото на Данка: Се пребарува друго село, се проверуваат шахти и резервоари

by Fokus

И покрај секојдневните напори на припадниците на МВР, телото на убиената Данка Илиќ (2) од Бањско Поље, кај Бор, не е пронајдено ниту по седмиот ден од потрагата.

Сега полицијата пребарува друго село, кое се наоѓа на 13 километри од селото Злот. се проверуваат сите шахти и резервоари, со оглед дека двајцата осомничени за убиството, се вработени во Водовод, па добро ги познаваат подземните системи.

Можни се неколку правци од Злот до Шумраковац, претежно патишта за земјоделска механизација, без асфалт, со чакал, а околу коловозот има грмушки. Затоа се работи за многу непристапен терен, јавува репортерот Н1.

Далибор, братот на убиецот Дејан Драгијевиќ, кој почина во полициска станица откако беше приведен поради сомнение дека му помогнал на својот брат да го премести телото на девојчето, вчера беше погребан. На погребот не дојдоа ниту таткото Раде, кој е во притвор под сомнение дека е соучесник, ниту неговиот брат Дејан, главниот осомничен, кој го призна убиството.

Утрото по погребот на Далибор Драгијевиќ, кој призна дека тој и неговиот брат Дејан, инаку осомничен за убиството на Данка Илиќ (2), го отстраниле телото на девојчето, на гробот беше поставен и венец со порака: „Драги сине…“.

Во потписот се имињата на таткото Радосав и братот Дејан, кои се во притвор од апсењето.

Поврзани новости