Продолжува потрагата по напаѓачот од Мејн: Стотици полицајци го бараат инструкторот за оружје

by Fokus

Стотици полицајци трагаат по напаѓачот што уби најмалку 18 лица во масовното пукање што се случи во куглана и бар во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн.

Како што пренесуваат американските медиуми, станува збор за најсмртоносното масовно пукање во САД оваа година.

Гувернерката на Мејн, Џенет Милс, вчера на прес-конференција изјави дека осомничен за пукањето, во кое беа ранети и 13 луѓе, е лицето Роберт Кард.

Како што наведе Милс, тој се смета за вооружен и опасен.

Инаку, осомничениот за масакрот е обучен инструктор за огнено оружје и армиски резервист, а поранешните колеги го опишуваат како одличен стрелец.

Семејството на Кард изјави дека тој од неодамна почнал да тврди дека слуша гласови во кугланата и барот, односно дека луѓето на тие места зборуваат за него. Во меѓувреме, училиштата во округот се затворени, како и сите општински згради во градот.

Поврзани новости