И оваа година, по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, рудникот за олово и цинк САСАја обезбеди неопходната финансиска поддршка за организација на настанот за одбележување на овој денво Македонска Каменица.
Традиционалната прослава, која се одржува секоја година, ја организираше огранокот на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ во МакедонскаКаменица, во соработка со хуманитарното здружение „Бели Гулаби“.
На присутните им се обрати и градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменковакоја меѓу другото нагласи дека во иднина ветува зголемена и директна соработката помеѓу локалната самоуправа и лицата со посебни потреби и интензивирање на соработката со повеќе здруженија и хуманитарни организации.
Секој човек, без оглед на својот статус и потреби заслужува да биде еднакво среќен и прифатен во општеството, велат во САСА, објаснувајќи го мотивот на компанијата за поддршката што секоја година ја обезбедува за активностите што ги спроведуваат здруженијата на лицата со посебни потреби во Македонска Каменица. На тој начин компанијата придонесува за подигнување на јавната свест за потребите на овие лица.
Во текот на годините рудникот САСА организираше различи прослави и дружења со лицата за посебни потреби од градот во различни поводи, а со своја донација учествуваше и во хуманитарната акција за собирање средства наменети за Дневниот центар за лица со посебни потреби во градот. Поддршка на рудникот САСА за лицата со посебни потреби ќе продолжи во континуитет, уверуваат во компанијата.