Продолжува поддршката на рудникот САСА на проекти од значење за задницата

by Fokus

На иницијатива на рудникот за олово и цинк САСА,  претставници на менаџерскиот тим на компанијата одржаа консултативен состанок со претставници на локалната заедница. Покрај натамошно унапредување на меѓусебната комуникација и соработка, една од клучните цели на состанокот беше запознавање на САСА со потребите на заедницата, преку активностите и плановите на организациите и институциите што ја претставуваат.

Покрај претставници од општината, на првиот партнерски состанок со заедницата во организација на САСА, своите проекти и планови за 2018-та година ги презентираа и претставници од основното и средното училиште во градот, од  детската градинка „Бамби“, од Здружението на пензионери, Културно-информитивнот центар „Романса“ и КУД „Вера Јоциќ, како и од граѓанските организации „Порака“, „Надеж“ и „Здравец 2002“ и градските спортски клубови за фудбал и футсал.

„Рудникот САСА отсекогаш бил целосно интегриран во заедницата и преку своето постоење и успешна работа со децении активно го поддржувал и го помагал нејзиниот развој. Имаме јасна и искрена намера да продолжиме со ваквата поддршка и во иднина. Убеден сум дека оваа дискусија ќе помогне заеднички со нашите партнери од заедницата да ги дефинираме приоритените проекти за кои САСА ќе ја обезбеди неопходната финансиска поддршка“, изјави генералниот директор на САСА, Неил Стевенсон.

Во донесувањето на конечната одлука за тоа кои проекти ќе бидат финасиски поддржани, рудникот САСА првенствено ќе се раководи од нивната долгорочна одржливост и очекуваните позитивни ефекти што овие проекти ќе ги донесат за унапаредување на квалитетот на животот на жителите на Македонска Каменица и нејзината околина.

 

Поврзани новости