И во текот на следниот период ќе продолжи стабилното и суво време, без никакви врнежи. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.
Ветерот кој го имавме од северен правец, и кој беше со засилен интензитет понатаму ќе ја намали својата брзина. Минималните температури на воздухот поради релативно ведрото време ќе бидат негативни, понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени.
На повисоките и планинските места температурите на воздухот има услови да се спуштат и под -10 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот некаде од 2 до 9 степени денес. Потоа истите ќе бележат тенденција на незначителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10, 11 степени во најтоплите предели од државава.
За време на викендот максималните температури сеуште ќе бележат тенденција на незначителен пораст, истите во сабота ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.
Подготви: Славчо Попоски