100
Во третото тримесечје од 2023 година бројот на живородените се 4 453 деца и во споредба со истиот период од претходната година е помал за 9. 8 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 6. 8 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година, односно починале 4 747 лицa, а од нив 8 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен, – 294 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во третото тримесечје од 2023 година се склучени 4 116 бракови, што претставува намалување од 11. 4 % во споредба со истиот период од 2022 година. Во ова тримесечје се разведени 301 брак.