Денеска продолжува министерскиот совет на ОБСЕ, кој што се одржува во Скопје.
Според најавите на последниот ден од состанокот треба да се одржат три придружни настани на тема „Млади и граѓанско општество“, „Се работи за луѓето – влијанието на теренските операции на ОБСЕ во 2023 година“ и „Зачувување на плурализмот – безбедност на жените новинарки“.
Се очекува прес-конференција да одржи и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Акредитираните новинари ќе можат да ја проследат и завршна пленарна сесија на Министерскиот совет на ОБСЕ по која ќе следува завршна прес-конференција со претседавачот, министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, со претствник на Малта која е следниот претседавач на Организацијата и генералната секретарка на ОБСЕ Шмид.
Вчерашниот ден помина во знак на бојкот на рускиот шеф на дипломатијата, поради руската инвазија на Украина. Дел од министрите ја напуштија конференциската сала додека Лавров зборуваше.