И понатаму по котлините и по речните долини ќе остане магливо, облачно и студено. Понекаде маглата ќе биде ГУСТА и ќе условува намалена видливост, токму поради ова на возачите им препорачуваме и понатаму да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да внимаваат како возат. На повисоките и планинските места ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло.
Веќе утре ќе има повеќе облачност над нашата држава, во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд и тоа особено во претппладневните и во пладневните часови. Услови за повремени врнежи од снег ќе има само на повисоките планински места низ државава. Во петок попладне како и во текот на ноќта кон сабота, но и во сабота претпладне врнежите краткотрајно ќе се расчистат.
Веќе во сабота попладне и навечер нашата територија ќе биде зафатена од нов бран на врнежиод запад, ќе започне да дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Токму поради јужното струење и температурите на воздухот ќе останат над просекот за овој дел од годината, односно истите во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот претежно од 10 до 16 степени. Не се исклучува можноста понекаде истите да се искачат дури и до околу 17, 18 степени.
Подготви: Славчо Попоски