686
Австрија продолжува со олеснување на ограничувањата против Ковид-19, што значи дека граѓаните од следната сабота ќе мора маски да носат само во продавници и музеи.
Според правилата, влез во установите е дозволен само за вакцинирани или оние кои се опоравиле од Ковид-19.
Олеснето е и ограничувањето на бројот на посетители на јавни настани. Меѓутоа, посетителите на фудбалските натпревари, сепак, ќе мора да носат маски.
Од 19 февруари, покрај вакцинираните и прележаните од Ковид-19, во рестораните ќе можат да влезат и лицата кои имаат негативен тест. Истата мерка важи и за туристите.
Досега се вакцинирани вкупно 69 отсто од Австријците.
Австриската Влада соопшти дека мерките ги олеснува благодарение на подобрата состојба во болниците.