Продолжува комисиската расправа за кандидатурата на Јовески, опозицијата смета: Уставните судии се бираат по нарачка!

by Fokus

Во Собранието на Република Македонија и денеска попладне продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која членовите дискутираат за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен од страна на владејачките партии.

Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, уставните судии се бираат по желба и нарачка, а не по професионалност и способност. Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска посочи дека јавниот обвинител Јовески, како што рече, се истакнал во својата професија со тоа што не реагирал на голем број криминали.

– Дали Уставниот суд, овој суд што сакате да го направите по мерка, ќе функционира како што треба? Не, бидејќи членот што сакате да го ставите во него, не реагирал како обвинител во 2017 година, посочи таа, нотирајќи повеќе случувања кои ги именуваше како „афери“ од изминатите години.

Во првиот дел од денешната седница пратениците од опозицијата посочија дека власта со вакви кандидати за уставни судии ќе го партизира Уставниот суд и сите институции.

Поврзани новости