Продолжува комисиската расправа за избор на член на Уставниот суд

by Fokus

Комисија за прашања на изборите и именувањата во Собранието денеска ќе ја продолжи седницата за Предлог за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Седницата на Комисијата вчера беше прекината на барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески кој во процедурална забелешка оцени дека претседателката Марија Георгиевска ја свикала неделовнички. Тој наведе дека поканата ја добиле во петокот, но не им биле доставени материјали за точката од дневниот ред.

Георгиевска рече дека согласно Деловникот известени се членовите и замениците членови за одржувањето на Комисијата. Објасни дека добила информација дека има Предлог за утврдување предлог за избор на уставен судија за место кое што е испразнето и согласно тоа ја закажала седницата. Најави дека сите членови и заменици членови на Комисијата ќе им биде поделен материјалот.

Предлог за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија од страна на партиите од власта е професорката на Правниот факултет – Јадранка Дабовиќ. Предлогот за нов уставен судија е поради испразнетото место на судијата Јован Јосифовски чиј мандат истече во јануари 2022 година.

Поврзани новости