Продолжува изведувањето на докази за 27 април

by fokus

Во Кривичниот суд во Скопје  денеска продолжува судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на дополнителни докази предложени од одбраната на обвинетите.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

Поврзани новости