Продолжува хаосот во Судскиот совет, двајца судии си поднесоа оставки!

by Fokus

Судиите Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска-Стефкова поднесоа оставки од функциите членови на Судскиот совет, потврдија за „Фокус“

Според информациите, причините за овој чекор засега се непознати за јавноста, а оставките се депонирани до претседателот Сашко Георгиев.

Од Судски совет стигнала потврда за двете оставки, но без детали за причините и непознато е кога ќе се закаже седницата на која тие треба да бидат констатирани.

Герасимовски е апелационен судија, а Радевска-Стефкова е врховна судијка.

Изборот на Герасимовски во Судски совет беше критикуван бидејќи е избран со осум гласа, од кои, осмиот глас си го дал самиот.

Овие оставки доаѓаат во момент кога невладините организации побараа Судскиот совет да се самораспушти бидејќи „ја урнисува довербата во правосудството преку секојдневните препукувања и начинот на кој ги носат одлуките“.

Судскиот совет беше критикуван и од страна на меѓународната заедница, па холандскиот амбасадор во земјава, Јан Коп го нарече советот нелегитимен.

 

Поврзани новости