386
И утре приватните превозници нема да возат. Тие најавија протест во Скопје кај Мавровка, незадоволни од градоначалничката Данела Арсовска поради неисплатени средства. МВР информира дека најавениот протест ќе влијае на сообраќајот во главниот град.
„Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на главниот град дека поради најавено одржување на протест, утре со почеток во 07 часот, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ и околните улици. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, порачаа од МВР.