Продолжува гасењето над Ласкарце со хеликоптери, пожарот не е опасен

by Fokus

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, објави статус на својот фејсбук-профил за пожарот над селото Ласкарце, додавајќи дека во 16 часот е направен план и хеликоптерите ќе продолжат со гаснење на пожарот.

„Денес околу 16.00 часот, по однапред направен план на приоритети од страна на Главниот Штаб, двата армиски хелихоптери проодлжуваат со гаснење на пожарот над с. Ласкарце. Вчера и денес претпладне хелихоптерите и противпожарната бригада дејствуваа врз овој пожар кој се движи по исклучително стрмен терен и сеуште е активен но не претствува опасност за околните села.“, напиша Ангелов.

Поврзани новости