Продолжува да сведочи момчето-убиец од Рибникар: прашања ќе му поставуваат родителите на децата што ги убил

by Fokus

Во зградата на Специјалниот суд во Белград денеска продолжува судењето на Милјана и Владимир Кецмановиќ, родителите на момчето Коста што уби девет ученици и обезбедувањето во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Момчето убиец и денеска продолжува да дава исказ во постапката. Со оглед на тоа дека за време на масакрот имал 13 години, нема да сноси кривична одговорност за своето дело. Денеска ќе му поставуваат прашања родителите на убиените деца, пренесува Нова.рс.

Распитот на Коста почна на рочиштето што се одржа пред десет дена, а продолжува и денеска. Момчето на првиот распит одговараше на прашањата на судот, обвинителството, адвокатот и оштетените. За време на сведочењето Коста К. изговорил реченица која ги оставила во неверување родителите на убиените деца, пишува српски Телеграф.

„Чувствував дека другите деца ме отфрлија и затоа ги убив. Тој 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа, но се уште не бев сигурен дека ќе пукам“, изјави Коста К.

„Мајка ми постојано бараше да бидам најдобар. Се лутеше и викаше кога не бев најдобар. Бидејќи постојано бараше повеќе од мене, јас бев лут на неа. Нејзиното однесување влијаеше на мене да го направам тоа што го направув. Да ги немав пиштолите на татко ми, немаше да го сторам ова“, рекол во судот Коста К., пренесува Блиц.

Прашања до момчето-убиец поставил и главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, а ова е првпат шеф на обвинителство во Србија директно да учествува во процесот.

 

Поврзани новости