Поранешниот заменик министер за одбрана на Русија, генерал Дмитриј Булгаков, е уапсен под сомнение за корупција, изјави претставникот на Истражниот комитет Светлана Петренко.
„Главниот истражен оддел на Истражниот комитет на Русија истражува кривично дело за корупција во кое е вмешан Дмитриј Булгаков, кој беше заменик-министер за одбрана од 2008 до 2022 година“, се наведува во соопштението.
Се нагласува дека „во моментов се спроведуваат истражни дејствија и оперативни мерки за утврдување на причините и состојбите кои придонеле за незаконското постапување“.
Булгаков бил одговорен за армиска логистика во Министерството за одбрана. Тој е разрешен од функцијата заменик министер во септември 2022 година, поради преместување на друго работно место.
Потсетуваме дека пред две недели беше уапсен генерал-полковник Вадим Шамарин кој беше заменик началник на Генералштабот на генералот Валери Герасимов и го надгледувал корпусот за врски и воените комуникации.