Продолжува брзото возење во Македонија, полицијата дели казни

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 271 возач.

Од нив, 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Како што денеска информираа од МВР, 89 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 182 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости