Продолжи собраниската расправа за завршната сметка на Буџетот

by fokus

Собранието и денеска со реплики и контрареплики на опозицијата ја продолжи расправата по Предлог завршната сметка за Буџетот за 2016 година.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во денешната расправа посочија дека во времето на владата предводена од нивната партија се трошело домаќински, се зголемиле платите, пензиите и социјалната помош, а редовно биле исплатувани и субвенциите. Забележаа дека е погрешна политиката на сегашната влада да ја сопре реализацијата на значајни инфраструктурни проекти како што се автопатите и регионалните патишта.

Пратениците од СДСМ пак во вчерашната расправа посочија дека претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ не водела сметка за подобар и подостоинствен живот на граѓаните.

Расправата по оваа точка од дневниот ред продолжува по редовната едночасовна пауза.

Поврзани новости