Продолжен рокот за ограничувањето на трговската маржа за одредени производи

by fokus

Владата на денешната седница донела одлука за да се продолжи горната граница на трговските маржи за одредени производи, кои важеа до 30 април.

Со новата одлука, утврдената највисока трговска маржа се продолжува до 30 јуни и тоа за: лебот, шеќерот, сончогледовото масло за јадење, брашното од пченица, макароните и шпагетите, белиот ориз, трајното кравјо млеко (со масленост од 2,8, 3,2, и 3,5%), јајцата од кокошка, урдата, кравјото и мешаното бело сирење, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот.

-Имајќи предвид дека со оваа одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа, којашто треба да влијае на растот на цените на мало на основните рехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените сè уште не се стабилизирани, според образложението од Министерството за економија, има потреба од продолжување на примената на вака утврдените највисоки трговски маржи во следните два месеца од оваа година, односно до 30 јуни 2023 година, објаснуваат од Владата.

Со одлуката, горната утврдена висина за трговската маржа за лебот, шеќерот и маслото за јадење останува до 5 отсто во трговијата на мало и големо, додека за останатите набројани производи таа останува до 10 отсто.

Поврзани новости