Продолжен рокот за аплицирање за четвртиот сет мерки во секторите туризам и угостителство

by fokus 14:22
14:22

До 4 декември годинава е продолжен рокот за аплицирање за објавените јавни повици од четвртиот пакет економски мерки за справување со последиците од Ковид-19 кризата во секторите туризам и угостителство, информира Министерството за економија.

Рокот се продолжува за јавните повици за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти, за издавање грантови за лиценцирани туристички агенции, за издавање грантови за лиценцирани туристички водичи, за издавање грантови за игротеки и за издавање на грантови за ресторани за свадби што беа објавени на 16 ноември годинава на веб-страницата на Министерството за економија, прецизираат од ресорното министерство.

- Advertisements -

Аплицирањето за јавните повици е електронски на платформата „Дома си е дома“, а повеќе детали може да се најдат на следниот линк: http://www.economy.gov.mk/doc/2867

Поврзани новости