Движењето „Протестирам“ синоќа објави дека домашниот притвор на студентот од Правниот факултет, Борјан Ефтимов, од осум е продолжен на триесен дена. Тој се товари дека на протестот на 13 април бил дел од толпа која ќе изврши кривично дело.
Ефтимов се обрати преку својот Фејсбук профил и даде стимул и побара колегите и соборците да излезат на улица, притоа велејќи дека ова не смее да биде причина за премолчување на неправдите и нарушувањето на демократијата.
-Срам ми е што сум студент на правен факултет во земја во која студенти се тепани, уште од првата архибригада па до денес, и носителите на власта ги кршат сите закони, а истовремено за учество во толпа се изрекуваат енормни притвори, додека пак за криминалци ниту има казна, ниту има постапка или пак притвор, туку има само аболиција, напиша Ефтимов.