Продолжен притворот на осомничените за убиството на малата Данка Илиќ

by Fokus

Вишиот суд во Зајечар им го продолжи притворот за уште 30 дена на Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ, соопштија за Танјуг од тој суд.

Обвинението за овој случај е во Апелациониот суд во Ниш, кој одлучува по жалбите поднесени против решението со кое се потврдува обвинението.

Обвинението ги товари Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ за кривично дело тешко убиство во соизвршителство, а Радослав Драгијевиќ за кривично дело помагање на сторителот по извршувањето на делото и непријавување на кривичното дело и сторителот.

Обвинителството во обвинителниот акт предложи судот да ги осуди на доживотен затвор Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.

Се сомничи дека на 26 март Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ во Бањско поле кај Бор со автомобил на ЈКП „Водовод“ каде што биле вработени прво удриле двегодишно девојче, а потоа го внеле во возилото, каде подоцна го убиле.

Се сомнева дека нејзиното тело го фрлиле на депонија, од каде подоцна било преместено.

Телото на девојчето се уште не е пронајдено.

Радослав Драгијевиќ е осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето.

Братот на Дејан Драгијевиќ, Далибор Драгијевиќ, почина на 7 април во просториите на полициското одделение во Бор при приведувањето.

Поврзани новости