Продажбата на Славија е само привремено сопрена

by Фокус

Агенцијата за управување со одземен имот не се откажува од продажбата на АД Славија, туку таа е привремено запрена поради барање за времена мерка доставено до Судот, кој по службена должност постапил по барањето на поранешниот сопственик Кирил Кочевски, истакна директорот на Агенцијата Фатон Асани.

-Управниот одбор на Агенцијата, врз основа на доставениот предлог за поведување на постапка за времена мерка од Судот, и согласно досегашната пракса, одлучи времено да ја запре постапката за продажба. Тоа значи дека продажбата не може да се реализира додека трае времената мерка, но не значи дека Агенцијата се откажала од продажбата на акции. Туку дека ќе ги следи законските основи за постапување – рече Асани.

Според проценката од 2012 година, Славија вредела над 25 миолиони евра, имала долг од околу 17 милиони евра и номинална вредност на акциите од 51 евро. Моментално, Славија има долг кон 72 доверители во вредност од над 2 милиони евра без камата, а лани завршната сметка е во минус. Нејзиниот имот се состои од 16 нелегализирани продавници, Управна зграда на државно земјиште, магацински простори и земјиште во Кисела Вода.

Поврзани новости