347
Три објекти во сопственост на Сашо Мијалков се продадени за 244.000 евра, соопшти Агенцијата за управување со одземен имот.
-Агенцијата за управување со одземен имот успешно ја спроведе и реализира продажбата на вкупно три одземени недвижности од поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков согласно правосилната пресуда за случајот Империја, станува збор за три недвижности кои согласно правосилната судска предуда КОК – ПП бр. 283/2022 се одземени, стои во соопштението.
Ова е дел од имотот конфискуван со спогодбата за случајот Империја.