Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот – Дритон Небиу денеска информираше дека од продажбата на три стана и гаража, одземени со пресуда од Сашо Мијалков во државниот Буџет се слеаја 332.276 евра.
Сите три стана се на улицата Славејко Арсов, едниот од нив од 78м2, и двата од по 73 м2. На ауицијата се продаде и гаража од 30 квадрати во КО Центар 2.
– За недвижностите имаше наддавање кое се одвиваше непречено и истите завршија успешно. Согласно наддавањето во државниот буџет ќе бидат уплатени парични средства кои беа одземени од граѓаните и истите ќе бидат уплатени во вкупна вредност од 332.276 евра. Продолжуваме и понатаму за истиот предмет и во најскоро време ќе објавиме продаќба и на други недвижности за кои има правосилни судски пресуди – изјави Небиу.
– Ги охрабрувам граѓаните на РСМ во секое јавно наддавање и аукцијс претходно да аплицираат и конкурираат слободено зошто законот е над сите нас, никој не е над законот, ние само го почитуваме законот и ќе продолжиме без никави пречки и без никаков застој во нашето понатамошно раководење со Агенцијата – рече Небиу.
Најави дека наскоро на аукција ќе се најдат уште станови и градежно земјиште конфискувани од Мијалков за кои исто така има правосилна судска пресуда.
Во септември годинава беа продадени три одземени недвижности од Мијалков за сума од 244.000 евра.