Крвава тепачка се случила синоќа пред ресторан во Ресен, при што биле повредени двајца мажи, односно едниот имал убодна рана од нож, а другиот расекотина, информираат од МВР.
-На 23.02.2019 година околу 21.00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во ресторан на ул.„Јосиф Јосифовски“ во Ресен настанала физичка пресметка помеѓу Б.О.(21), Л.А.(46), Т.Р.(33), од една страна и Р.Д.(51), од друга страна, сите од Република Албанија, кои работеле во Ресен. Според пријавата, во еден момент тие излегле надвор пред објектот, каде Р.Д. на Л.А. со нож му нанел убодни рани, а на Т.Р. расекотина. Полициски службеници веднаш по пријавата излегле на местото на настанот. На лицата им била укажана медицинска помош во болницата во Битола, а потоа Б.О., Т.Р. и Р.Д. биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Ресен, а Л.А. бил задржан на лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.