639
Жителка на Куманово била пронајдена прободена во домот на нејзиниот вонбрачен сопруг, пренесува МВР.
„На 24.09.2019 во СВР Куманово, од болницата во Куманово било пријавено дека кај нив со повреда од остар предмет била донесена С.З.(42) од Куманово. По преземени мерки било констатирано дека нејзиниот вонбрачен сопруг Е.С. ја пронашол во неговиот дом на ул.„Боро Прцан“ во Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.