391
Полицијата вчера попладне примила пријава од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, според која било донесено повредено 16-годишно момче од Скопје.
„Околу 15.30 часот, додека малолетникот се движел по ул. „Анастас Митрев“ во Скопје, бил пресретнат од неколку непознати лица кои му побарале пари. Откако им кажал дека нема пари, тие го турнале и со тврд остар предмет му нанеле убодна рана во десната нога“, објаснуваат од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.