До среда идната недела Универзитетските клиники треба да одговорат на дописот испратен од Службата за заеднички работи и да се изјаснат дали се согласуваат со предложениот оперативен план, во кој се предвидува за замена на опремата и инсталациите на централната компресорска станица Клиниките да покријат речиси 342 000 евра од вкупните 455 000 , вели директорот на заеднички служби Мирсад Ибраими.
Од службата за Канал 5 појаснуваат дека доколку се биде како што треба, крајниот рок за изградаба на компресорската станица е до Нова година.
„7.000.000 денари кои ЈУ од областа на здравството ги има предвидено во планот за јавни набавки за 2024 година.
– 21.000.000 денари од ЈЗУ Универзитетски Клиники во Комплекс Клиники Мајка Тереза.
Оптимистички рок за извршување на горенаведените активности – 146 дена (5 месеци). Реален рок за извршување на горенаведените активности – 180 дена (6 месеци)“, стои во оперативниот план, кој вчера го мина и владиниот филтер.
Иако во меѓувреме со помош на надворешни компресори се отворија дел од салите на клиника, сепак не се завршуваат сите операции, па во следните 5 до 6 месеци пациентите и натаму ќе мора да бараат алтернативи.
Случајот го истажува и Јавното обвинителство, кое треба да утврди дали има елементи на кривично дело, а предмет отвори и Народниот правобранител, кој пак проверува дали се прекршени правата на пациентите, каков е третманот на пацинетите кои се соочиле со одложување на операција и колку операции се одложени.