414
223 полски навивачи кои во петокот беа приведени поради нарушување на јавниот ред и мир во Градскиот парк во Скопје, својот престој во Македонија го завршија со по 150 евра казна, без забрана за влез во земјава.
Од Основниот суд Скопје 1 соопштија дека пасошите на поголем број од навивачите им биле одземени додека не ја платат казната, а потоа им биле вратени.
Во петокот, пред почетокот на натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Полска, поголема група полски навивачи решија да се пресметаат меѓусебно.
Приведените 223 лица со автобуси биле однесени во полициските станици Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба.