На самиот праг сме на летото, едно од поубавите годишни времиња пред се заради топлото време и можноста да се поминат убави моменти на отворено, во природа или на плажа покрај море или езеро. Последнава опција, со оглед на актуелната состојба можеби многумина од нас ќе ја стават во мирување и патувањата ќе ги одложат за некој месец или следната година .
Но , тоа не значи дека нема да се релаксираме и да си поминеме забавно со нашите најблиски, се разбира сето тоа дополнето со голем избор на храна, освежителни пијалоци, сладолед итн. Со оглед на тоа дека знаеме да претераме со нивната консумација , а и заради високите температури, ризикот од нарушувања на нашиот метаболизам и дигестивни инфекции е релативно голем. Но, решението е тука, познато на веќе голем дел од популацијата и останува само правилно да се примени.
Се разбира, зборуваме за пробиотиците, добрите бактерии неопходни за нормален метаболизам и добро стомачно здравје.Тие се првиот избор во третман на дијареа од различно потекло кога цревниот метаболизам е нарушен,искористувањето на хранливите материи и водата е сведено на минимум и тоа резултира со чести,течни столици кои во најлош случај можат да не дехидрираат и целосно да не исцрпат.
Дијареата е многу почеста во летните месеци кога заради високите температури хранливите намирници и водата полесно се контаминираат со патогени микроорганизми,пред се бактерии.Со цел да ја избегнеме оваа појава и да го заштитиме нашиот дигестивен систем препорачлива е превентивна употреба на пробиотици.Изборот на хранливи намирници во кои можат да се најдат пробиотици не е многу голем, но тука се пробиотските додатоци во исхрана кои ги содржат во висока концентрација.
Во нив најчесто ги среќаваме пробиотските култури од родот Lactobacillus i Bifidobacterium ( тие се вообичаено дел од цревната микрофлора и со најполезно дејство врз метаболизмот на храната). Потребно е тие да преовладуваат во цревната микрофлора за да обезбедат правилно разградување и ресорпција на хранливите материи и водата преку лачење на ензими и продукција на некои витамини (од Б групата).Tие не дозволуваат патогените микроорганизми премногу да се размножат т.е ја регулираат pH средината во цревата и создаваат непријатна околина за потенцијалните патогени. Компетираат за рецепторни места со патогени со што го инхибираат нивниот раст, а ги модулираат и разградуваат токсините на патогените микроорганизми.
Некои од пробиотиците имаат способност да продуцираат метаболити кои поседуваат антибактериски ефекти против други организми, како и да екскретираат бактерицидни протеини наречени бактериоцини кои можат да ја блокираат колонизацијата на патогените организми. Во случај на дијареа сите овие дејства од присуството и активноста на добрите пробиотски бактерии се видливи уште во првите неколку часа од нивното внесување, а целосно нормализирање на работата на дигестивниот систем настанува во рок од 1-3 дена. Сепак за најдобри резултати се препорачува употреба на пробиотик барем 10 дена.
Но,како што претходно напоменавме подобро е превентивно да делуваме т.е пробиотиците во овој период континуирано да ги внесуваме со цел да го направиме нашиот организам отпорен на евентуални инфекции. Вреди да се спомене и општото дејство на добрите бактерии врз модулација на имунолошкиот одговор.Тие ги активираат локалните макрофаги и го стимулираат производството на имуноглобулини (IgA) на локално и системско ниво,го модулирааат дејството на воспалителните цитокини и ја намалуваат преосетливоста на антигените од храната.
Всушност, најголем дел од антителата се продуцираат во нашиот дигестивен систем и за тоа се одговорни токму пробиотиците. Ако го зголемиме нивниот внес во нашиот организам обезбедуваме сигурен дигестивен баланс и засилен имунитет подготвен да се справи со причинителите на цревни инфекции.
Покрај пробиотиците, во регулирање на проблемите со дијарeјата, исто така, се препорачува пробиотиците да се комбинираат со пребиотици (храна за „добрите“ бактерии), потоа цинк (кој го ублажува интензитетот и го намалува времетраењето на дијарејата и го засилува имунолошкиот систем), витамини од групата Б (поточно витамин Б6 кој придонесува за нормален метаболизам на протеините и гликогенот), како и екстракти од камилица и нане кои се користат во традиционалната медицина и имаат позитивен ефект врз стомачните тегоби.
Мр.Фарм Кирил Пецевски
ПР текст